Силна експлозија одекна во силос во Коџаели

– Силна експлозија одекна денеска во силос на Турската задруга (ТМО) во округот Деринџе во северозападната област Коџаели.

Експлозијата се случи во попладневните часови од засега сѐ уште неутврдени причини во силос на пристаништето во непосредна близина на брегот.

На местото на експлозијата, над кое се издигна густ облак од чад и прав, пристигнаа голем број полициски, противпожарни и амбулантни екипи.

„Ги испративме сите екипи за пребарување и спасување. Има информации дека има повредени лица. На пат сум до местото на експлозијата“, изјави за Анадолу гувернерот на Коџаели, Седар Јавуз.

Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајѓун, истакна дека се утврдуваат последиците од експлозијата и се работи на испраќање на повредените во болница.

„Увидот е во тек, немаме јасни информации, но испративме тројца или четворица наши повредени пријатели во болница“, рече Ајѓун.

Истакнувајќи дека ја слушнал експлозијата и во Градското собрание каде што седел, градоначалникот Ајѓун рече дека се надева дека во експлозијата нема загинати.