Шпанија зафатена од нов топлотен бран

 – Шпанија од денес ја зафати нов топлотен бран, кој, според прогнозата на метеоролозите, ќе трае во следните четири дена и ќе го зафати поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров.

Шпанската метеоролошка агенција денес издаде црвено предупредување поради максималните температури за Мадрид и некои други покраини. Според прогнозата, температурите на воздухот во Мадрид би можеле да достигнат до 42 и 43 Целзиусови степени.

Издадено е портокалово предупредување за поголем дел од полуостровот, каде што се очекува температурите да достигнат до 40 степени.

Во саботата започна период на пораст на температурите што ќе доведе до епизода на високи температури. Овој бран најверојатно ќе трае од денес до четврток, покривајќи го поголемиот дел од полуостровот, беше соопштено.

Температурите на југ ќе се движат меѓу 42 и 44 степени, а се вели дека топлотниот бран ќе ги достигне Канарските Острови – шпанската територија во Атлантикот – до средината на неделата. Од четврток се очекува опаѓање на температурите прво на североистокот од полуостровот, а температурите ќе останат релативно високи, но нешто пониски во однос на претходните денови.