Познат тренер сними возбудлива сцена на Јадранот: Погледнете ја реакцијата на посетителите кога од кафеаната на плажата се свиреше химната на Југославија (ВИДЕО)

Необична сцена е снимена на плажата Велика во Улцињ кога од блискиот локал се пушташе химната на поранешна СФРЈ!

На видеото кое кружи на социјалните мрежи може да се види како посетителите на плажата биле мирни но, штом се слушнаа првите тактови од химната „Еј Словени“ од “системот за разглас”, дел од нив пееле гласно, а на на крајот имаше силен аплауз.

Медиумите јавуваат дека тоа е пракса секој ден во 18 часот.

Видеото кое на социјалните мрежи го објави познатиот кошаркарски тренер Богдан Тањевиќ предизвика низа коментари на социјалните мрежи – кај некој химната на поранешна СФРЈ разбуди носталгични чувства, а кај други грди спомени.

– Многумина нема да разберат, но јас се наежив додека ја слушав химната на земјата во која сум роден – рекол еден корисник.

– И јас се наежив! Со таа химна на Србите им се случи најголемиот егзодус што се случи од православната вера до атеизмот и разните секти – напиша друг корисник.

– Секоја година летувам во Штој и останувам на оваа плажа токму поради овој момент – е трет коментар на Твитер.

– Постоеше еднаш една земја; Колективна Ф дијагноза; Уште еден доказ дека Југославија живее во нас; Станав додека слушав – се редеа коментарите на Твитер.