Домашните тортиљи може лесно да се направат со само неколку состојки

Домашните тортиљи се одлична здрава опција, а можете да ги подготвите на едноставен начин користејќи неколку состојки.

За да ги направите користете: една шолја брашно, една лажичка сув квасец, три лажици пченкарно брашно, една лажица масло и малку млака вода.

Подготовка

Замесете тесто од горенаведените состојки. Потоа тестото поделете го на помали топчиња и секое од нив расукајте го на дебелина од околу милиметар.

Загрејте една лажица масло во тава за палачинки и пржете ја секоја тортиља на тивок оган 12 минути (шест од едната и шест од другата страна). По желба послужете тортиљи полнети со пилешко, телешко, домат, пченка и сл.

Мексиканскиот готвач Едсон Дијаз-Фуентес претходно изјави дека многу луѓе често греат тортиљи во микробранова печка, што е голема грешка.

Имено, тие брзо ќе се стврднат откако ќе ги извадите од микробранова печка и поради оваа причина секогаш треба да ги подготвувате исклучиво во тава.