Хорор! Монструм со пријателот со часови ја силувал сопругата на кумот додека нејзините деца биле дома

Двајца мажи од Славонија упаднале во куќа на жена среде бел ден додека нејзиниот сопруг бил отсутен, по што со часови ја силувале.

Кумот на нејзиниот сопруг (30) и неговиот пријател (29) најпрвин и’ се заканувале, еден од нив го тепал нејзиното едногодишно дете, а потоа два часа повеќепати ја силувале, иако жртвата постојано ги молела да престанат и да дозволат таа оди.

Грозоморниот случај се случи лани во септември.

Додека ,,се менувале врз неа”, шмркале кокаин, изјавила жртвата.

Кога излегувале и’ рекле дека ќе се вратат, а тоа особено ја исплашило.

Жртвата, како што им кажала на истражителите, се чувствувала ужасно, валкано, грдо и мизерно.

Таа се спротивставила кога и’ рекле дека сакаат секс. Таа им рекла дека не сака, дека има менструација, но кумот и’ се заканил дека неговиот пријател ќе и’ направи нешто лошо.

Обвинетиот кум негирал дека го сторил делото, наведувајќи дека пред тоа најмалку седум пати имал секс во тројка со неа.

Неговиот пријател, исто така, го негираше силувањето, велејќи дека жената лажно го обвинила затоа што се плашела дека нејзиниот сопруг ќе дознае, бидејќи таа инсистирала да не му каже на сопругот за тоа.

Вештакот утврдил дека жртвата имала знаци на траума поради изложеност на емоционална и сексуална злоупотреба.

– Се манифестираат во изразена возбуда на автономниот вегетативен систем, нагласена напнатост и инхибиција во комуникацијата, видлива непријатност како и чувство на страм и срам при опишување на одредени околности на извршување на кривично дело, непријатност предизвикана од сознанието за членови на потесно и пошироко семејство и други лица од околината за извршување на кривично дело, стравови поврзани со идното функционирање со нејзиниот сопруг и зачувување на брачната заедница, можни последици врз функционирањето на нејзиното семејство, особено на децата во локалната средина и стравувања поврзани со можна одмазда на обвинетиот – изјавил вештакот по разговорот со оштетената.

Заклучокот на вештакот е дека жената не ја измислила приказната.

– Жртвата не е склона да измислува настани. Не е сугестибилно, односно подложно на влијание на други луѓе – вели експертот.