ХРВ: Израел го прекина снабдувањето со вода во Газа оставајќи 600.000 луѓе без чиста вода

– Хјуман рајтс воч (ХРВ) објави дека Израел на 11 октомври го прекинал снабдувањето со вода во Газа, лишувајќи 600.000 луѓе до пристап до чиста вода.

Тие наведоа дека израелската блокада на Појасот Газа ги става во голем ризик палестинските деца и другите цивили.

Тие потсетија дека на 11 октомври Израел го прекинал снабдувањето со вода во Газа, лишувајќи од чиста вода 600.000 луѓе.

ХРВ соопшти дека поради неможноста за пристап до вода, гориво и струја, животите на луѓето се загрозени.

Тие истакнаа дека нелегалната блокада на Газа од страна на Израел е фатална за децата.

Во изјавата од 10 октомври израелскиот министер за енергетика, Јизраел Кац, рече дека водоснабдувањето на Појасот Газа, каде што живеат околу два милиона Палестинци, е прекинато.

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Бројот на загинати во израелските напади од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 3.785, додека бројот на загинати во Израел изнесува 1.400 лица.