Екипажот на кинескиот „Шенџу-17“ го заврши второто излегување во отворена вселена

– Екипажот на кинеското вселенско летало денес го заврши своето второ излегување во отворена вселена, објавија локалните медиуми, цитирајќи ја Кинеската вселенска агенција.

Екипажот на „Шенџу-17“ го изведе своето второ излегување надвор од вселенската станица Тиангонг, завршувајќи ја првата операција на кинеските астронаути за тековни поправки, објави „Чајна дејли“, наведувајќи го соопштението објавено од Кинеската вселенска агенција.

Според вселенската агенција, командантот на мисијата, постар полковник Танг Хонгбо, и членот на екипажот, потполковникот Џианг Ксинлин, се вратиле во научниот модул Вентиан во 05:32 часот по Гринич откако поминале речиси осум часа надвор од огромната орбитална станица, додека третиот член на екипажот, потполковникот Танг Шенџие, останал во станицата за пружање поддршка.

На Хонгбо ова му е трето излегување во отворена вселена и е првиот кој се вратил во вселенската станица Тиангонг, се додава од агенцијата.

Астронаутите од Шенџу-17 пристигнаа на колосалната вселенска станица на 26 октомври, што беше шести кинески лет со екипаж во вселената.

На 21 декември, екипажот го направи своето прво излегување во отворената вселена.

Вселенската станица Тиангонг е веќе завршена и е во функција од декември 2022 година. Кинеската вселенска програма започна во 1992 година.