Млад човек до банкомат пронашол торба со 125.000 евра: Сите зборуваат што направил потоа

Хозе Нунез Романиз имаше 19 години кога се соочи со тешка, можеби најтешка одлука во животот.

Неговата приказна, снимена во 2020 година во Ново Мексико, повторно е актуелна и дефинитивно ја враќа вербата во луѓето.

Тинејџер од Албакерки отишол на банкомат за да подигне пари за онлајн трансакција. Сакал да му купи чорапи на својот дедо, пренесува Daily Star.

Кога се приближил до машината, видел голема пластична кеса, која стоела на тротоарот. Ја погледнал нејзината содржина и се запрепасти.

,,Беше полна со банкноти од 20 и 50 долари! Стоев скаменет, не знаев што да правам“, изјави подоцна за медиумите.

Хозе Нунез Романиз

Типот решил да повика полиција и да го пријави случајот, а кога властите пристигнале на местото на настанот изброиле вкупно 135.000 долари (околу 125.000 евра).

„Сум видел секакви работи во изминатите 20 години, но ова е единствен случај. Мислам дека ова е најголемата сума пари што некогаш била вратена во Албакерки” рече портпаролот на полицискиот оддел Сајмон Дробик.

Чесниот човек рекол дека „не му паднало на памет да ги задржи парите“. Најпрво размислувал да го заврти бројот на банкоматот, но се откажал и повикал полиција.

Подоцна било утврдено дека вработената го полнела банкоматот и оставила вреќа со пари на тротоарот.

Неколку дена подоцна, Хозе беше поканет да се сретне со градоначалникот и со началникот на полицијата, кога тој откри дека студира кривично право.

Веднаш добил покана да се приклучи на службата.