Драматичен момент во Џакарта – вработен на аеродромот паднал од авион, не забележал дека излезните скали се поместени ВИДЕО

Видеото го прикажува моментот кога маж паѓа од авион и слета на средината на пистата на асфалтот на аеродромот во Џакарта, Индонезија.

Инцидентот се случил пред полетувањето и за жал се здобил со одредени повреди, но за среќа не сериозни.

На почетокот гледаме работник на аеродром како разговара со некого во авионот додека колегите ги отстрануваат скалите за излез, пренесува thesun.

Човекот паднал од височина од неколку метри право на грб додека хартиите се расфрлале насекаде.

Сведоците притрчале да му помогнат и брзо му била укажана лекарска помош.

Според извештаите, инцидентот бил „резултат на прекршување на прописите“, според кои ескалаторите не можат да се отстранат додека не се затворат вратите на авионот.

Инаку, аеродромските власти на азиската земја го истражуваат случајот и наскоро ќе можеме да дознаеме повеќе за инцидентот.