Америка купила повеќе од 80 советски борбени авиони

САД купиле 81 советски борбен авион од Казахстан, објави Киев пост.

Казахстан, кој ги модернизира своите воздухопловни сили, одржа аукција на која беа продадени 117 советски борбени авиони, вклучувајќи пресретнувачи МиГ-31, ловци-бомбардери МиГ-27, ловци МиГ-29 и бомбардери Су-24 од 1970-тите и 1980-тите.

Објавената вредност на продажбата била 1 милијарда казахстански тенге, или 2,26 милиони долари, пишува Пост, што значи дека просечната вредност на секој авион била 19.300 долари.

Мотивот за купувањето од САД останува непознат, додава киевскиот весник, но зголемена е можноста за нивна употреба во Украина, каде што се користат слични авиони.

Продажбата е направена преку офшор компании, објави „Репортер“, руска веб-страница на англиски јазик.

Со оглед на континуираната зависност на Украина од оружјето од советската ера, авионите би можеле да служат или како извор на резервни делови или стратешки да бидат распоредени како мамки на аеродромите, пишува Пост.