ССМ: Заменик претседателот на ИТУЦ со поддршка на ССМ, поддршка и од HAK – IS од Турција

Денеска, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и потпретседателот на ССМ за јавен сектор Трпе Деаноски остварија средба со Махмуд Арслан, Заменик Претседателот на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), член на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикати (ETUC) и Претседател на HAK – IS Конфедерација на синдикати од Турција која организира 21 грански синдикати со 674.404 членови.
 
Сојузот на синдикатите на Македонија во борбата за спречување на конфискацијата на Работничкиот дом добива поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати и Синдикатот HAK – IS, а Претседателот Махмуд Арслан, преку институциите во Турција ќе се заложи Владата да биде информирана дека во демократски земји не треба да се случуваат напади на синдикатите, особено не за да се спречат во нивната борба за зачувување и унапредување на работничките права, преку напади и конфискација на имотот на синдикатите што е директорно прекршување на правото на слобода на здружување.

Истовремено Претседателот Арслан истакна и дека ќе се заложи преку Европскиот економско социјален совет каде што е член да се презентира проблемот на Сојузот на синдикатите на Македонија, да се преземе сите мерки за спречување на конфискацијата на Работничкиот дом што само по себе претставува нарушување на Социјалниот дијалог во Македонија, а што е главна работа на Европскиот Економско социјален совет.
 
Претседателот Трендафилов, истакна дека ваков случај за конфискација на Работнички дом нема никаде на друго место во светот и тоа претставува не само напад на ССМ, туку и нарушување на Социјалниот дијалог во Македонија, а тоа негативно ќе се одрази на работничките права.
 
Сојуз на синдикатите на Македонија