Германскиот уметник Никлас Кастело изминативе неколку недели ги полни медиумите со фотографии од плажите на кои се дружи со млади жешки убавици чии имиња не и’ се познати на јавноста, а многумина се запрашаа што се случува со неговата сопруга, Холандската водителка и модел Силвија Меис. Имено, многу медиуми пишуваат дека Никлас сè уште е во брак со Силва, а германските медиуми тврдат дека се разделиле пролетта оваа година.
Овојпат 45-годишниот Кастело беше виден во друштво на порно актерката Џенис Грифит, а освен што се забавуваа во морето каде папараците ги фатија насмеани, тие си размениле и неколку бакнежи на столчињата за плажа.
Џенис е 28-годишна американска порно актерка, а како што пишуваат медиумите таа кратко време се забавува со Никлас.
Што точно се случува веќе никому не му е јасно. Никлас и Силви се венчаа во 2020 година во Фиренца, а фотографиите од раскошната церемонија го обиколија светот. Двојката е заедно од 2013 година, а Силви зад себе има неуспешен брак со фудбалерот Рафаел ван дер Варт.
Во официјалното соопштение се вели дека Силви и Никлас раскинале бидејќи нивниот начин на живот бил премногу различен, пренесоа странските медиуми.
Германско-холандската убавица ја изгради својата кариера како новинарка и ТВ репортер специјализирана за приказни за познати личности и влијателни личности, а се прослави со ексклузивни интервјуа што ги правеше со ѕвезди како Бритни Спирс и Кајли Миног.