Актерката од филмовите за возрасни имаше ,,жешка” акција на плажа: Го приклештила сопругот на водителката, а тој ги менува жените како чорапи! Никој не знае каде му е жената (фото)

Германскиот уметник Никлас Кастело изминативе неколку недели ги полни медиумите со фотографии од плажите на кои се дружи со млади жешки убавици чии имиња не и’ се познати на јавноста, а многумина се запрашаа што се случува со неговата сопруга, Холандската водителка и модел Силвија Меис. Имено, многу медиуми пишуваат дека Никлас сè уште е во брак со Силва, а германските медиуми тврдат дека се разделиле пролетта оваа година.

Овојпат 45-годишниот Кастело беше виден во друштво на порно актерката Џенис Грифит, а освен што се забавуваа во морето каде папараците ги фатија насмеани, тие си размениле и неколку бакнежи на столчињата за плажа.

Џенис е 28-годишна американска порно актерка, а како што пишуваат медиумите таа кратко време се забавува со Никлас.

Што точно се случува веќе никому не му е јасно. Никлас и Силви се венчаа во 2020 година во Фиренца, а фотографиите од раскошната церемонија го обиколија светот. Двојката е заедно од 2013 година, а Силви зад себе има неуспешен брак со фудбалерот Рафаел ван дер Варт.

Во официјалното соопштение се вели дека Силви и Никлас раскинале бидејќи нивниот начин на живот бил премногу различен, пренесоа странските медиуми.

Германско-холандската убавица ја изгради својата кариера како новинарка и ТВ репортер специјализирана за приказни за познати личности и влијателни личности, а се прослави со ексклузивни интервјуа што ги правеше со ѕвезди како Бритни Спирс и Кајли Миног.