Колку чини пица и пиво на стадион во САД? Екстремно високи цени: Во Македонија е најмалку 5 пати поевтино!

Кога станува збор за фудбалот и неговата популаризација, МЛС е во голема предност. За тоа придонесоа доаѓањата на големите фудбалски ѕвезди, пред сè Лео Меси, додека самата публика масовно доаѓа на стадионите.

Летово САД е и местото каде што голем број клубови се подготвуваат за стартот на сезоната, додека одредени екипи како што е Рексам играат и пријателски натпревари со тамошните екипи. Рексам, тим од четврта лига на Англија, замина во САД каде ќе има неколку пријателски натпревари.

Еден од нив се играше и против друг тим на ЛА Галакси, каде англискиот тим победи со 4:0, но друга слика го одбележа овој натпревар.

На познатата страница на Твитер „FootyScran“ се појави слика од натпреварот на која еден од фановите ги сликал своите „грицки“ кои се состојат од пица и пиво, а за тоа издвоил дури 33 долари, кои изнесуваат околу 1750 денари.

На пример, просечната цена за иста количина храна на натпреварите во Македонија е најмалку пет пати помала, ако не и повеќе.

Сега барем е појасно како се финансираат некои од клубовите во МЛС.