(ВИДЕО) 81-годишен стар човек првпат седна во автономно возило, неговата реакција е ХИТ

На социјалните мрежи кружи видео од 81-годишен Американец како за прв пат вози автономно возило, а неговата реакција стана вирален хит.

Кенет Џери објави видео на својот профил на TikTok @patriotickenny кое собра 33,5 милиони прегледи и 3,4 милиони лајкови.

„Каде е возачот?

Имено, Кенет мислел дека го чека Убер, но останал шокиран кога со пријател влегол во автономно возило и открил дека нема возач, а неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.

@patriotickenny

Riding in a self-driving car was an experience of a lifetime! Part 2 coming because it was too long! @officialwaymo #waymo #arizona #seniorcheck #selfdrivingcar #autonomouscar #blizzard #navyvet

♬ original sound – patriotickenny

„Каде… каде е возачот? праша збунето, гледајќи кон возачкото седиште, а потоа рече: “О, не. Дали веруваш во ова?”

Откако автомобилот тргнал и воланот почнал сам да се врти, двајцата пријатели не можеле да се вразумат.

“О Боже мој. Не можам да верувам во ова!” викна, па праша: „Како дојде кај нас? Кога патничката му кажала дека „го повикала колата“, на неговото изненадување немало крај.

Не му верува на автомобилот

„Кому се јавивте? Нема возач“, праша збунето, а потоа тој и неговиот пријател рекоа дека се исплашени.

“Значи, вакви автомобили се продаваат? Полицајците ќе го видат ова!” пелтечеше и додаде: „Ова никогаш нема да го заборавам“.

На крајот, тој и неговиот пријател заклучиле дека автомобилот е „возач од прва класа“, а 81-годишникот напоменал дека сè уште „не му верува“.