Илон Маск „удри“ на YouTube: Оваа апликација ќе биде неговиот одговор

Откако Илон Маск го презеде Twitter (сега X), видеата станаа многу важна ставка кога станува збор за оваа социјална мрежа. Сега, X лансира апликација која ќе работи на сите уреди.

Извршната директорка на X, Линда Јакарино, најави дека се воведува „содржина што можете да ја гледате на паметни телевизори“, односно апликација која ќе содржи алгоритам за видеа, заедно со трендови и теми, а ќе се напојува со вештачка интелигенција .

Оваа апликација ќе биде достапна за телефони и паметни телевизори, а компанијата сака да биде нешто слично на YouTube. Ќе работи слично – двете платформи, кога сугерираат што да гледате, ја земаат предвид вашата историја на пребарување, што гледаат другите, како и содржината на самите клипови.

X, како што рековме, ќе користи вештачка интелигенција за да предложи видеа што е најсигурно дека ќе ви се допаднат. Друга сличност помеѓу X и апликацијата YouTube е тоа што ќе можете да се префрлите од вашиот телевизор на вашиот телефон и да продолжите да гледате.

Ќе поддржува и „кастинг“ од мобилни телефони, но сè уште не е кажано кога точно ќе се најде на пазарот X видео апликацијата.