ВИДЕО | УКРАИНА ИМА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ !? Володимир Зеленски елиминираше клучни офицери, а сега се соочува со хаос кој до пред неколку месеци изгледаше невозможен…

На последниот контролен пункт пред да замине од Украина во април, 39-годишен маж од Одеса покажал медицинска документација во која се наведува дека има сериозна повреда на ‘рбетот, што го спречува да биде регрутиран во украинската Армија и му е дозволено да ја напушти земјата.

Еден од војниците кажа: На болницата навистина и се допаѓа оваа дијагноза, а ?“, се сеќава 39-годишниот човек и додава: „Знаев што се случува и не беше прв пат. Но, тие не можеа да направат ништо, па ме пуштија да одам“.

Човекот, кој разговарал со новинарите на весникот The Guardian под услов да остане анонимен, признава дека платил мито од 5.000 долари за да избегне потенцијално регрутирање во украинската Армија и да се префрли на линијата на фронтот за да се бори против Русите.

Знаев дека нема шанси да седам во ендек, па ги собрав моите заштеди и повикав човек кој можеше да го реши тоа. Секој знае со кого да контактира. Му платив во кеш и ме испрати во болница да направам магнетна резонанца. Тогаш болницата ми даде документи во кои пишуваше дека имам повреда на ‘рбетот и со овие документи можев да ја напуштам државата. Цело време имав чувство дека луѓето точно знаат што се случува и дека секој го добива својот дел“, рекол бегалецот.

Целиот процес траел околу две недели, а човекот кој тогаш ја напуштил Украина сега живее во една од европските земји.

Се верува дека десетици илјади мажи ја напуштиле Украина од почетокот на војната, а многу од нив плаќаат мито за да го направат тоа. Во петокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отпушти сите раководители на регионалните центри за регрутирање, обвинувајќи го целиот систем за корупција.

Системот треба да го водат луѓе кои точно знаат што е војна и зошто цинизмот и поткупот во војна се сметаат за предавство“, порача тој преку видео објава на социјалните мрежи.

Володимир Зеленски

Одеса се покажа како жешка точка за различни шеми за регрутирање, и беше откриено дека еден службеник за регрутирање имал заштеди од пет милиони долари и раскошен имот во Шпанија. Од цела Украина пристигнуваат извештаи за корумпирани функционери кои можат да бидат лесно поткупени за луѓето да избегнат регрутирање. Стотици тужби се во тек против службеници на регрутниот центар на Украина.

Тој цинизам е ист насекаде“, кажа Володимир Зеленски во петокот и додаде: „Нелегално збогатување, перење пари, незаконски добивки и нелегално пренесување преку граница на регрути“.

Корупциските скандали кои се најдоа на насловните страници се показател за уште поголеми проблеми во Украина бидејќи земјата се приближува кон 18-тиот месец од почетокот на инвазијата на Владимир Путин.

Во првата недела по инвазијата, стотици илјади Украинци доброволно се пријавија да одат на фронтот во експлозија на патриотизам што ја одржа земјата независна и го одби првичниот напад на руските сили.

Повеќе од една година подоцна, многу од тие доброволци се мртви, ранети или исцрпени, а на Армијата итно и требаат нови луѓе за да ги пополнат своите редови. Досега, повеќето од оние што сакаат да се борат веќе се пријавиле, па Армијата остана само со „базен“ од мажи кои не сакаат да одат во војна.

Оние кои имаат повеќе од три деца, лицата со здравствени проблеми и оние кои работат во стратешки важни институции не се регрути, но се очекува сите други да се пријават доколку ги повика Армијата.

Тимови од офицери за регрутирање одат од врата до врата и делат покани за Армијата. Едно вирално видео покажува регрутирани мажи како се товарат во комбе и се возат до центрите за регрутирање.

Некои Украинци велат дека не би биле среќни да бидат регрутирани во Армијата, но сепак би го прифатиле повикот бидејќи тоа е составен дел од животот во земја разурната од војна. Но, други очајно се обидуваат да избегнат да бидат регрутирани, иако не секој може да плати поткуп од 5.000 долари.

Во Одеса, како и во повеќето украински градови, групите на социјалната мрежа Телеграм се место каде што луѓето разменуваат информации за тоа каде се офицерите за регрутирање, познати како „маслинки“ поради бојата на нивните униформи, и каде планираат да одат понатаму. Една од овие групи има повеќе од 30.000 членови. На секои неколку минути пристигнува нова порака од тоа каде е локацијата на т.н. „маслинки“.

Другите луѓе едноставно остануваат дома. Сопственик на фабрика во источна Украина за The Guardian вели дека некои работници се плашат да дојдат на работа, за да не бидат фатени од службениците за регрутирање на одење на работа.

Запознав човек кој ми кажа дека бил собран буквално од улица и за една недела веќе напаѓал село во близина на Бахмут. Тој ми кажа: ‘Што го ебам! Прв пат држам пушка во рака и за една недела веќе учествувам во напад на село ?’. Тој беше ранет два пати – еднаш во ногата и вториот пат во грбот“, открил сопственикот на фабрика.

Мобилизираните регрути поминуваат низ обука која обично трае неколку недели пред да бидат испратени на фронтот. Многумина се испраќаат во Велика Британија на краток курс за основите на борбите на првата линија, а на обуката често ги учат само најосновните работи.

Во Лавов, на еден човек му биле предадени армиски документи пред супермаркет и бил испратен на обука во Велика Британија, а потоа на фронтот каде што бил ранет – сето тоа во рок од два месеци.

Поради ова, на многумина им е сè потешко да одговорат на поканите од Армијата, а оние на кои им се предава првичниот пакет документи често се кријат некаде за да не бидат одвлечени во центрите за регрутирање.

Има две категории луѓе – некои се веќе во Армијата, а други се плашат да излезат на улица за да не бидат регрутирани. Но, тие сепак ќе мора да излезат за да заработат за живот“, вели споменатиот сопственик на фабрика.

Една млада жена, која исто така зборувала за регрутирањето под услов да остане анонимна, се присетила на сцена од ноќен клуб во Киев претходно ова лето.

Неколку минути по 10 часот навечер, кога клубовите и кафулињата мора да ги затворат вратите поради воената состојба, мажи во униформи влегле во клубот и им рекле на жените да излезат, а потоа им поделиле документи на сите мажи.

Мојот сопруг работи многу важна работа за својата компанија, па тој е ослободен од тоа, но мојот пријател кој ни беше на гости не е. После тоа, тој се врати во своето гратче и сега вене дома, плашејќи се да излезе на улица“, изјавила таа за споменатиот весник.

слика

Многу Украинци кои служеле во Армијата од почетокот на војната сметаат дека избегнувањето на регрутација е предавство. Политичкото раководство на земјата вели дека разбира дека процесот на регрутирање е тежок, па затоа сакаат да избегнат преголема ревност при повикувањето на луѓето во Армијата. Но, тие додаваат дека Украина нема друг избор освен да продолжи со регрутирање доколку сака воено да се спротивстави на Русија, која мобилизираше стотици илјади луѓе од почетокот на војната.

Се разбира, тешко е да се очекува дека луѓето позитивно ќе гледаат на мобилизацијата“, призна Михајло Подољак, советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во едно неодамнешно интервју.

Први заминаа луѓето кои го добија тој внатрешен повик, кои беа најголеми патриоти, но таму се 17 месеци и ни треба ротација. Секако дека е страшно, бидејќи одењето во војна може да значи смрт или инвалидитет. 21 век е, завршивте факултет, се обидувате да се вработите, а сега треба да земете пушка и да го одбраните вашиот дом. Но, претседателот се обидува да разговара со луѓето и да им објасни што е во прашање“, вели тој.