КОМАРЦИТЕ САКААТ ЛУЃЕ СО ОВАА КРВНА ГРУПА! Еве зошто е тоа така

Комарците навистина „сакаат“ некои луѓе, а истражувачите од Американската асоцијација за контрола на овие инсекти тоа го објаснија научно
– Нема сомнеж дека поединците им се попривлечни на комарците поради хемикалиите што ги лачат, како и поради нивната посебна флора на кожата – вели американскиот ентомолог Џозеф М Конлон за Тајм.

Со својот тим, тој идентификуваше четири групи на луѓе на кои комарците не можат да им одолеат  бремени жени, спортисти и оние кои вежбаат, луѓе кои сакаат да пијат една или две чаши и оние со нулта крвна група.

Зошто бремени жени

Комарците ги привлекува јаглерод диоксидот што луѓето го произведуваат кога дишат. Имаат специјални рецептори кои го препознаваат во околината, а трудниците издишуваат четвртина повеќе јаглерод диоксид од другите жени, особено во последните три месеци.

Зошто спортистите

Комарците се особено агресивни ако почувствуваат некој кој штотуку трчал, вежбал или се занимавал со некоја друга физичка активност. Нив ги привлекуваат млечните киселини, кои потоа се зголемуваат во мускулите, а кои се излачуваат преку потта, како и топлината на телото.

Зошто ги сакаат оние коишто пијат

Повеќекратните независни студии со експерименти од Африка до Јапонија покажаа дека мажите кои пиеле пиво за комарци биле попривлечни од оние кои пиеле вода. Експертите веруваат дека тоа се случува затоа што алкохолот ја зголемува температурата на телото, а тие сакаат топлина.

Зошто оние со крвна група „0“

Луѓето со оваа крвна група имаат тенденција да лачат одредени мириси кои врз основа на истражувањата се многу привлечни за комарците. Веројатноста дека комарците во толпата ќе ги погодат е дури 80 проценти, но и покрај тоа, тие имаат најмали шанси да се заразат со најсмртоносната форма на маларија, болест што ја пренесуваат комарците. Патем, најмалку ги привлекуваат луѓето со крвна група „А“ – вели Конлон. Тој откри дека генетичарите во моментов истражуваат кои гени влијаат на самиот организам да лачи репеленти, односно да се одбрани од напади на комарци.