Кејт Мидлтон во цевена комбинација достојна за принцеза (фото)

Кејт Мидлтон е доказ дека жената може да се облекува многу скромно и да биде привлечна.

Таа често избира светли бои кои изгледаат совршено.

Таа секогаш изгледа како дама и најдобро ја пропагира елеганцијата со својот пример.

Овојпат таа се појави во црвено од глава до пети, а романтичното раскошно палто ги остави сите без здив. Тоа беше придружено со капа, како и едноставни салонки.

Кејт му посака добредојде на претседателот на Јужна Кореја, заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, а нејзиниот изглед, особено овојпат, привлече големо внимание.