„Нека ја скршат вратата, ве молам побрзајте” Трагедија во Америка: Двегодишно момче ја уби својата бремена мајка

Двегодишно момче во Охајо пукало со пиштол кон својата бремена мајка, убивајќи ја неа и нејзиното неродено дете, соопшти локалната полиција.

Според извештаите, околу 13 часот на 16 јуни, полицијата добила повик од 31-годишна жена која рекла дека „двегодишниот син и’ пукал во грб“, пренесува Си-Ен-Ен.

,,За време на разговорот со диспечерот во полицоската станица, Лаура Илг рече дека е бремена во осмиот месец. Неколку моменти подоцна им се јавил и нејзиниот сопруг Алек, кој го добил повикот на неговата сопруга, а таа викала по него да повика полиција”, пренесува NBC News.

На снимката од разговорот, која беше објавена во американските медиуми, се слуша дека Лора одговорила на прашањето „вратата ти е отклучена“, „кажи им да ја скршат, те молам, побрзај“.

Полициските службеници пристигнале на местото на настанот неколку минути подоцна, а мајката и синот, заедно со пиштол, ги пронашле во спалната соба на горниот кат.

Жената била префрлена во болница каде што нејзе и на нејзиното неродено дете по кратко време им била констатирана смрт.