Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече

– Почетокот на натпреварот во Серија А меѓу Емполи и Лече е одложен за час, откако вечерва на изби пожар во една од соблекувалните на стадионот.

Италијанската лига на своите социјалните мрежи наведе дека дуелот е одложен за еден час поради „безбедносни причини“.

Клубот од Лече на Твитер појасни дека до одложување на стартот дошло поради „краток спој во соблекувалната на домашната екипа“ Емполи.

Италијанските медиуми јавија дека противпожарните служби интервенирале поради „почеток на пожар“ во простор на соблекувална, кој брзо е ставен под контрола.