Ал Хилал во вторник ќе го промовира Меси за нов играч !

Пред неколку дена официјално беше потврдено дека Лео Меси ќе го напушти тимот на ПСЖ, и овој викенд ќе го одигра последниот меч за оваа екипа. Најмногу се зборува дека Меси ќе се врати во Барселона, но идејата на „каталонците“ ја расипуваа од Саудиска Арабија, поточно од екипата на Ал Хилал кој сака да го „украде“ Меси пред носот на својот поранешен клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ал Хилал има план веќе во вторник да го промовира Меси за нов играч, и да му нанесе огромен шок на тимот на Барселона и на навивачите на овој тим, кои со нетрпение чекаат враќање на Аргентинецот на „Ноу Камп“.

Саудијците во вторник ќе го имаат клучниот ден за преговорите, а веројатно тогаш Меси ќе се изјасни за богатата понуда. Фудбалерот кажа дека ќе нема сапуница околку тоа каде ќе ја продолжи кариерата, туку брзо ќе донесе одлука.

Ал Хилал нуди астрономска сума на пари за Меси, според која Аргентинецот за две години ќе заработи 400 милиони евра. Тренерот Чави вчера кажа дека Меси треба да се остави на мир самиот да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.