Американската полиција го застрела педофилот кој извадил револвер откако му ја отвориле вратата од хотелската соба каде што очекувал да се сретне со две млади девојки.
Но, наместо жртвите од 7 и 11 години, 67-годишникот се соочил со полицијата во Сиетл – која чекала да го уапси, пренесува Телеграф.
Камерите поставени на полициските униформи го покажуваат мажот, облечен во палто и носи торба, како чека пред вратата на хотелската соба.
Кога полицијата се појавила пред вратата, тој веднаш го извадил револверот и првиот полицаец скокнал врз него, соборувајќи го на подот.
Гледајќи дека е тешко да се разоружа, еден од полицајците пукал двапати во него. Го згазнале и останатите полицајци додека тој лежел.
Лекарите кои пристигнале со Брза помош констатирале смрт на местото на настанот.