Американската полиција го уби 67-годишниот педофил кој чекал да се сретне во хотелот со две девојчиња на возраст од 7 и 11 години – го вперил пиштолот во нив

Американската полиција го застрела педофилот кој извадил револвер откако му ја отвориле вратата од хотелската соба каде што очекувал да се сретне со две млади девојки.

Но, наместо жртвите од 7 и 11 години, 67-годишникот се соочил со полицијата во Сиетл – која чекала да го уапси, пренесува Телеграф.

Камерите поставени на полициските униформи го покажуваат мажот, облечен во палто и носи торба, како чека пред вратата на хотелската соба.

Кога полицијата се појавила пред вратата, тој веднаш го извадил револверот и првиот полицаец скокнал врз него, соборувајќи го на подот.

Гледајќи дека е тешко да се разоружа, еден од полицајците пукал двапати во него. Го згазнале и останатите полицајци додека тој лежел.

Лекарите кои пристигнале со Брза помош констатирале смрт на местото на настанот.