Австралиската полиција убила тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.