Светскиот спорт се тресе! Дури 4 великани обвинети за силување: Играат во најсилната лига на планетата, а се осомничени за грозни работи

Четворица познати хокеари кои играат во НХЛ, канадските репрезентативци Картер Харт, Мајкл Меклаод, Кал Фут и Дилон Дуб се обвинети за сексуален напад што наводно се случил во 2018 година, кога биле членови на младинскиот тим на Светскиот шампионат во хокеј на мраз.

Покрај нив, претходно беше обвинет и соиграчот Алекс Форментон, кој се предал во полиција, а потоа изјавил дека ниту едно од обвинувањата не е точно.

Адвокатите кои ги застапуваат четворицата хокеари објавија дека е покренато обвинение против нивните клиенти, но ниту еден од спортистите не е виновен за делото за кое се товарат. 

„Тој е невин и за тоа ќе дадеме правна поддршка на првото рочиште“, изјавија адвокатите на Картер Харт, кој брани за Филаделфија Флаерс.

Карти Харт

Сите пет хокеари ги напуштија своите НХЛ тимови во последните десет дена, а нивните агенти не се огласија во медиумите. Исто така, клубовите не сакаа да и’ дадат детални инструкции на јавноста за сите случувања во врска со овој случај. Единствено што американските медиуми ги добија изјавите на адвокатите кои ги застапуваат спортистите, но и тие не беа премногу скудни – главно само бараа најсоодветна формулација за да го демантираат сексуалниот напад.

Ниту за сега нема многу информации за самиот случај – подетални истраги беа покренати во 2022 година, откако неидентификуваната жена постигна договор со Канадската хокеарска асоцијација за вонсудско спогодување.

Таа првично побара 3,55 милиони канадски долари, но се договори со Федерацијата да ја повлече тужбата. Како што се испостави подоцна, девојката, која во моментот на нападот имала 20 години, раскажала како пет мажи ја малтретирале за време на гала вечера на која биле собрани пари за канадски хокеј.

Еден од играчите, идентификуван како „Џон До #1“ ја покани девојката „ЕМ“ што ја запозна во кафулето во неговата хотелска соба, а потоа покани уште четворица негови соиграчи да се сретнат со неа! Откако извршиле непознати полови дејствија, ја натерале да се истушира ​​и да каже пред камерата дека таа вечер не била под дејство на алкохол.

Девојката истакнала дека и’ било забрането да излегува од хотелската соба, а спортистите ја заплашувале со закани. Според информациите со кои моментално располага канадското правосудство, сите пет играчи биле дел од националниот тим на Светското првенство за јуниори кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, кога Канада го освои златото.