Иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека Израел направил потези кои „ги преминале црвените линии, кои можат да ги принудат сите да преземат акција“.
– Вашингтон бара од нас да не се мешаме, а тие продолжуваат да му даваат широка поддршка на Израел. САД испратија пораки до „Оската на отпорот“, но добија јасен одговор на бојното поле – изјави Раиси на социјалната мрежа Икс.
Би-Би-Си наведува дека името „Оска на отпор“ што го споменува Раиси се однесува на мрежата на сили поддржани од Иран на поширокиот Блиски Исток, а дел е и палестинската екстремистичка организација Хамас.
Американските власти го предупредија Иран да не се меша во војната меѓу Израел и Хамас, во обид да спречат поширок регионален конфликт.
Се наведува и дека исламистичката организација Хезболах, која е со седиште во Либан и има поддршка од Иран, во последните недели разменува оган со израелските сили.