,,Америка нè моли да не се мешаме а тие му помагаат на Израел“: Иран вели дека Вашингтон добил јасна порака од „Оската на отпорот“ на бојното поле

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека Израел направил потези кои „ги преминале црвените линии, кои можат да ги принудат сите да преземат акција“.

– Вашингтон бара од нас да не се мешаме, а тие продолжуваат да му даваат широка поддршка на Израел. САД испратија пораки до „Оската на отпорот“, но добија јасен одговор на бојното поле – изјави Раиси на социјалната мрежа Икс.

Би-Би-Си наведува дека името „Оска на отпор“ што го споменува Раиси се однесува на мрежата на сили поддржани од Иран на поширокиот Блиски Исток, а дел е и палестинската екстремистичка организација Хамас.

Американските власти го предупредија Иран да не се меша во војната меѓу Израел и Хамас, во обид да спречат поширок регионален конфликт.

Се наведува и дека исламистичката организација Хезболах, која е со седиште во Либан и има поддршка од Иран, во последните недели разменува оган со израелските сили.