Фудбалерот на Ливерпул минува низ пекол! Киднапирани родители на Луис Дијаз – мајката ослободена, а таткото уште го држат како заложник! (фото)

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз моментално минува низ вистинска агонија, откако неговите родители беа киднапирани во Колумбија.

Страшната вест ја пренесоа тамошните медиуми оваа сабота, а сега се појави информација дека е пронајдена мајка на познат фудбалер, додека неговиот татко сè уште е во заложништво!

Медиумите во Колумбија пишуваат дека Луис Мануел Дијаз и неговата мајка Силенис Маруланда биле киднапирани во вооружен напад од бензинска пумпа во нивниот роден град Баракас.

– Од моментот кога јавниот обвинител на нацијата дозна за киднапирањето на родителите на колумбискиот играч Луис Дијаз, во секторот Баранкас, во одделот Ла Гуарија, специјализиран тим од обвинители, службеници на тимот за техничка истрага и истражителите од полициската единица на Галија и армијата, итно беа ангажирани за да се открие каде се наоѓаат овие луѓе, да се разјаснат фактите и да се пронајдат одговорните – се вели во соопштението на јавниот обвинител на Колумбија.