„Не бев во врска со Марија, тоа ѝ беше маркетингшки трик! Славко Калезиќ ги откри сите детали од лажната љубов со Шерифовиќ (фото)

Марија Шерифовиќ љубовниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, а што се однесува до нејзините наводни врски, таа не криеше само една.

Така, своевремено беше во емотивна врска со црногорскиот пејач и актер Славко Калезиќ, кој воедно е и единствениот маж кој го претстави во јавноста како нејзино момче, а подоцна во својот автобиографски документарец призна дека повеќе ја привлекува женскиот пол.

Депак, Славко сега после 16 години призна дека не биле во љубовна врска и дека тоа е маркетингшки трик на Марија.

– Тоа е нешто за што сум благодарен што се случи. Бев многу близок со Марија, но секако тоа беше маркетинг. Немам проблем со тоа. Тоа не е нешто што јас го наметнав, туку нејзиниот тим. Јас дозволив тоа да се случи. Тоа не ми требаше во животот. Но, ако ме прашате од оваа перспектива, јас сум многу благодарен за тоа сега, бидејќи после тоа знаев дека не сакам да продолжам понатаму. И тоа е нешто што сега помина. Три дена трае секое чудо. Би било интересно кога луѓето би ја прашале сега, зошто и’ бил потребен таков маркетинг? Беше и евровизиски претставник кој направи сериозен бум. Марија победи, но веќе ја нема во евровизиските кругови. Речиси бев последен во полуфиналето, а уште сум на турнеја низ Европа, настапувам многу – истакна Калезиќ во интервју за црногорската телевизија Е.

Да потсетиме, по победата на Марија на Евровизија, во 2007 година, таа и Славко започнаа наводна романса, која траеше цели шест месеци.