Трагедија во болница во Израел: На девојче (9) срцето му застанало кога слушнало сирени (ФОТО)

Девојчето (9) починало во болницата „Асута“ во Ашдод кога се огласиле сирените за ракетен напад, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според извештаите, таа имала срцев удар минатата недела кога го слушнала звучниот сигнал за почеток на нападот.

За потсетување, израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Газа и во тек е копнена инвазија, изјави рано утринава портпаролот на ИД Даниел Хагари. Во меѓувреме, израелската армија ги повика жителите на Газа „да се преселат на југ“.

– Влеговме во Газа и ги прошируваме нашите операции – рече Хагари, додавајќи дека нема извештаи за повредени, пренесува „Џерусалим пост“.

Тој истакна дека „ова е војна“, но дека ИД дејствувала на контролиран и стратешки начин, со конкретни цели како насоки.