Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите да плаќаат повеќе од работниците

Во склоп на економските мерки во Програмата на Левица, во интервју за ,,ТВ Стар”, Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, истакна:

 ,,Во поглед на економијата имаме два столба – првиот ни е антилихварското законодавство со коешто ќе регулираме максимални каматни стапки на давање кредити од банките. Исто така, ќе ги забраниме брзите кеш кредити, коишто го водат народот во должничко ропство. А од друга страна тоа е даночната реформа – единствена партија сме којашто предлага прогресивен данок. Тоа значи богаташите да плаќаат повеќе отколку работниците.”

 Изборите последниве години се паѓаат во работен ден. Првиот круг на претседателските избори се падна на 24 април 2024 година – среда. 8 мај 2024 година е повторно среда. Многу луѓе во приватниот сектор се на работа. Многумина работат во други градови и не можат да стасаат дома, за да гласаат.

 ,,Ова е свесно, затоа што олигархијата работи за буржоаските партии – дпмне и сдс. Тоа е свесно направено со цел да се намали цензусот, но статистички гледано, секогаш, Парламентарните избори имаат повисок цензус од Претседателските. Очекуваме излезноста да биде поголема за десетина проценти и тоа е намерно така направено за да може само нивната администрација, која е клентелистички настроена, да гласа. Но дури и да работат фабриките, имате време да гласате и нашиот апел е – по работа или пред работа да излезете и масовно да го дадете гласот за Левица”, вели Апасиев.