Кој би помислил: Бред Пит ја откри темната страна на Џенифер Анистон

За многу мажи ширум светот, Џенифер Анистон со години е жената од нивните соништа, а само избраните имаа можност да се разбудат со неа. Не само што е убава, туку е и симпатична, духовита и пред се привлечна, но само малкумина дознале за нејзината „темна страна“.

Ако мислевте дека сте научиле се за Џенифер Анистон низ годините, има делови од нејзината личност кои не се за јавноста, а актерката ги задржала за себе и за блискиот круг на луѓе.

Сепак, еден детал сега протече во јавноста благодарение на досега необјавеното интервју кое го даде поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, Бред Пит. Во него холивудскиот заводник открил дека неговата поранешна сопруга ноќе месечари, што предизвикувало проблеми во нивната врска, или брак.

И сите тие настани ги раскажа на хумористичен начин:

„Таа прави многу работи додека спие. Еднаш дури и се вклучи алармот на куќата, а јас ја најдов надвор“.

Но, како што вели, воопшто не било безопасно. Напротив, тоа можеше да заврши кобно за неа, бидејќи во тоа време тие живееја во куќа која се наоѓа на самата карпа. Самата Џенифер наводно рекла дека нејзината состојба наводно го исплашила Бред Пит, кој на шега рекол:

„Тој слушаше како се отвораат и затвораат фиоки во другата соба, но потоа си кажуваше дека кога ќе го направи тоа што треба да го направи, ќе се врати во кревет. Таа многу зборува во сон и токму тогаш ги имавме едни од најдобрите разговори“.