ВИДЕО | ДЕЦАТА ГИ ФРЛАЛЕ НИЗ ПРОЗОР ЗА ДА ГИ СПАСАТ: Погледнете го драматичното видео од спасувањето од катната зграда во пламен СКОКАЊЕТО БИЛО ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ

Жителите на запалениот станбен блок ги фрлиле децата низ прозорец за да ги спасат од пожарот кој ја зафатил катната зграда.

Пожар опустоши 16-катна станбена зграда во Алмати, најголемиот град во Казахстан, откако се запалија каблите во окното на лифтот меѓу петтиот и шестиот кат.

На социјалните мрежи се појавија видео снимки на кои се гледа како неколку луѓе скокаат од запалената зграда на душеци и теписи што ги шират насобраните граѓани. На видеото се гледа и моментот на спасување на детето.

Над 300 луѓе се евакуирани, но жителите од повисоките катови, кои беа заробени од пламените јазици во нивните станови, мораа да скокнат на земја каде што насобраните граѓани ги фатија . 

Медиумите јавуваат дека итните скали не можеле да се користат . Повеќе од 30 луѓе се пренесени во болниците низ градот. Меѓу нив има 16 деца. Засега нема извештаи за жртви.

Пожарникарите подоцна донесоа високи спасувачки скали за да стигнат до горните катови од зградата и безбедно да спуштат 40 луѓе на земја. На видеото се гледа како чад извира од зградата додека жителите се обидуваат да избегаат.

Пожарот го изгаснале 50 пожарникари и биле потребни околу час и половина за да се изгасне пожарот.