ВИДЕО | Лукавото девојче ја надмудри машината и ги грабна слатките, нејзината тактика ги воодушеви сите

На социјалните мрежи се појави видео, чија главна ѕвезда е многу лукаво девојче, кое благодарение на својата генијалност освои еден куп слатки. На видеото може да се види како девојката користи јаже за да се спушти во огромната верзија на популарната машина Candy Grabber, а нејзината тактика воодушеви речиси 10 милиони луѓе кои го погледнале видеото.

Девојчето ги фатило слатките со раце, а кога почнало да се крева, погледнете како и таа со нозете зграпчила неколку слатки и излегла како вистински победник. 

„IQ 1500“, стои во описот на снимката која ги воодушеви сите, а луѓето во коментарите ја пофалија нејзината снаодливост. 

„Какво паметно девојче“, „Итро дете“ и „Ова девојче разбра се за животот“ се само дел од коментарите.