Згодните жени преферираат влакнести мажи – поради три причини, последната е многу смешна

Се разбира, за вкусовите не се дискутира

Што ќе привлече некого кај личност од спротивниот пол зависи од многу фактори, а науката дала и насоки за тоа како треба да изгледа идеалниот маж.

Без разлика дали ви се допаѓаат момци со повеќе влакна на лицето и телото, многу жени, велат студиите, претпочитаат мажи со многу влакна.

Според истражувачите, постојат три научно засновани причини кои можат да објаснат зошто е тоа така и зошто често дури и најатрактивните се заљубуваат во нив, пренесува Telegraph.

Ова се причините:

1. Влакнестите мажи имаат повисоко ниво на тестостерон

Кога мажите имаат повисоко ниво на тестостерон, тие имаат поголема веројатност да имаат поголем сексуален нагон, да живеат подолго, да имаат поголема самодоверба и да се поискрени и да имаат повеќе енергија и оптимизам. Ова се сите работи што жените сакаат да ги знаат за мажот на првиот состанок.

2. Обично се значително поинтелигентни

Др. Аикаракуди Г. Алијас, психијатар кој работел на врската помеѓу влакната на телото и интелигенцијата, вели дека влакнести гради почесто се наоѓаат кај високообразованите луѓе во општата популација.

3. Обично се поздрави од оние со помалку влакна

Мажите кои имаат влакна полесно откриваат паразити на нивните тела. Во студијата спроведена од истражувачот Мајкл Сива-Џоти, беше откриено дека гладните инсекти имаат поголема веројатност да каснат жртва со избричена рака отколку друга со неизбричена рака.

Жените можеби ја сфаќаат косата како показател за здравје без паразити, пишува YourTango.