Книги кои ја развиваат вашата интелигенција и ја зајакнуваат вашата меморија

Несомнено би постигнале многу кога би можеле да најдеме начин да ги зголемиме перформансите на мозокот

За среќа, денес ви даваме шанса да го направите токму тоа.

Подолу се неколку книги кои ви помагаат да имате остар ум.

Се што ви треба е да се „вооружите“ со трпение и оптимизам, како и да почнете да го практикувате она што го учите од книгите, пренесува Телеграфи.

„Одење на месечината со Ајнштајн: Уметноста и науката за сеќавање на сè“ – Џошуа Фоер

Книгата ја раскажува приказната за 12-месечниот период на авторот, кој го поминал тоа време обидувајќи се да ја разбере сопствената меморија – нејзината внатрешна работа, природните одбранбени механизми и скриените потенцијали. Опишани се и методите развиени од Фоер за обука на меморијата.

„Тренирајте го вашиот мозок за успех: читајте попаметно, запомнете повеќе и соборувајте ги сопствените рекорди“ – Роџер Сеип

Избор на испробани и вистинити рецепти, кои можеби ви изгледаат чудни, но навистина делуваат. Пробајте ги овие и ќе заборавите дека некогаш сте имале проблеми со меморијата!

„Останете паметен: 100 вежби за да го одржите вашиот мозок остар“ – Чарлс Филипс

Оваа книга е вистинска ризница на гатанки кои ви помагаат да го развиете вашиот интелект.

„Тренирајте го вашиот мозок: 60 дена до подобар мозок“ – Рјута Кавашима

Јапонскиот неврофизиолог, Рјута Кавашима, го разви овој 60-дневен курс за зајакнување на мозокот. Книгата содржи едноставни логички вежби и прави фантастична работа за стимулирање на перформансите на мали сиви ќелии.