Мајка открила едноставен трик како да му купи соодветни чевли на своето дете без да ги проба

Тиктокерка под корисничкото име Yana Mom сподели едноставен трик благодарение на кој можете да ги купите вистинските чевли за вашето дете без да ги проба.

Имено, се што ви треба е лента или селотејп со кои ќе го измерите стапалото на детето. Исечете го и носете го во чантата за да можете подоцна да го користите за да проверите дали чевлите што сте ги виделе во продавницата ќе одговараат на вашето дете.

Јана изјавила дека посакувала да знае за овој трик кога го родила своето прво дете.

„Ова никогаш немаше да ми падне на памет. Благодарам“, „Добра идеја. Дефинитивно ќе пробам“, „Постираш корисни совети“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и оние корисници на TikTok кои изјавија дека е најдобро да се користи овој трик при купување сандали.

„Ова не помага ако детето има широко стапало“, „Мислам дека ова не е корисно ако купувате затворени чевли“