Која е тајната на безвременската убавина на Моника Белучи, жена која не верува во пластична хирургија?

Моника Белучи со децении суверено царува на тронот на „најубавата жена на светот“, а дали само поради добрата генетика или одредена рутина за нега која актерката верно ја следи?

Дивата на холивудската сцена, жената која ја освои планетата кога почна да се појавува на филмското платно во раните деведесетти, Моника Белучи не престанува да плени со својата природна, класична убавина, дури и на прагот на седмата деценија од животот.

Оваа елегантна дама е шампион за внатрешна убавина и често дава изјави на тема „вечна убавина“ и какво е чувството да се биде привилегиран на тој начин.

– Разбирам дека живееме во свет на визуелизација. Но, ако вашата кариера се заснова само на убавина, нема да работите повеќе од пет минути – изјавила Белучи, а пренесува „TheGuardian“.

Таа не е неблагодарна, всушност сосема спротивно, свесна е дека убавината е подарок, но не верува во ароганција заради тоа.

– Убавината е дар од Бога, исто како здравјето и интелигенцијата. Но, не треба да сум горда што сум убава, тоа ми е дадено, јас не сум го заслужила сама  – истакнува Моника, а пренесува „Brainyquotes“.

Но, сите жени сè уште се прашуваат како таа успева толку грациозно да старее? Каков крем користи, каква пудра? Па ајде да одговориме на некои од тие прашања.

Минимална шминка

Моника не е љубител на многу шминка, дури и кога оди на престижни настани.

Нанесува само „Dolce & Gabbana Perfect Finish Creamy Foundation“ и малку руменило на лицето.

Сака дискретно да ги нашминка очите, а кога станува збор за сенките користи бронзени и зелени бои, а кога е маскарата во прашање, со години е посветена на еден производ – „Dolce & Gabbana Intense Eye Mascara“, во црна боја.

Беж и розови нијанси се  нејзин заштитен знак.

Нега за Коса

Актерката не ја мие косата повеќе од два пати неделно, а при шампонирање го разредува шампонот со вода за да го намали дејството на алкалните киселини.

Кога ќе има прилика, ја остава косата природно да се исуши.

Фитнес рутина

Моника не е поддржувач на диети и модел на витко тело, но верува во урамнотежена исхрана.

Имено, се наведува дека јаде апсолутно се што ќе посака, но во контролирани порции. 

Што се однесува до спортот, таа е посветена на јогата и пливањето.

Дивата плива четири пати неделно во турнеја од 45 минути,  пренесува „Stylesatlife“ .

Судејќи по нејзиното совршено лице и тело, се чини дека рамнотежата и природната нега се навистина клучот. Или тоа е генетска лотарија?