Зеленски: Холандија ќе испрати дури 42 авиони Ф-16 во Украина и ова е само почеток

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја посети Холандија, каде на разговор со холандскиот премиер Марк Руте успеа да договори испорака на дури 42 авиони Ф-16.

Зеленски на својот канал Телеграм објави фотографија со Руте и најави дека Ф-16 ќе лета на небото на Украина.

„Денеска правиме уште еден чекор кон зајакнување на воздушната одбрана на Украина. Ф-16 ќе ги користиме за да ги држиме руските терористи надвор од украинските градови и села“, напиша тој.

Тој потврди дека со Макро Руте се договориле 42 авиони Ф-16 да и бидат испорачани на Украина по обуката на пилоти и инженери. Марк Руте и јас се договоривме за бројот на Ф-16 кои треба да бидат испорачани во Украина

„И ова е само почеток. Ви благодариме, Холандија!“, рече тој.