Пејачката Ана Николиќ деновиве се најде во центарот на скандал кога поранешниот учесник во реалното шоу и пејач Дарио Шогоровиќ ја обвини за малтретирање, но и откако се појави нејзиното видео на кое се гледаат рани на нејзиното лице.
По целиот хаос, таа го напушти Белград и замина во родниот град Доња Мутница, а сега е повторно во својот стан.
Имено, Николиќ се појавила во друштво на возачот, облечена во кратки шорцеви и бела маичка, а носела и долг џемпер. Лицето го сокрила зад големи очила за сонце и капа.
На прашањето како е, Ана накратко рече:
– Супер сум! Добро сум, а тие што се грижеа за мене нека продолжат да се грижат – изјави пејачката.
Инаку, Ана неколку часа претходно седела во кафуле со својата пријателка, старлетата Маца Дискреција.