Ана Николиќ откри во каква состојба е! По скандалот, пејачката се вратила во Белград, го сокрила лицето од сите (фото)

Пејачката Ана Николиќ деновиве се најде во центарот на скандал кога поранешниот учесник во реалното шоу и пејач Дарио Шогоровиќ ја обвини за малтретирање, но и откако се појави нејзиното видео на кое се гледаат рани на нејзиното лице.

По целиот хаос, таа го напушти Белград и замина во родниот град Доња Мутница, а сега е повторно во својот стан.

Имено, Николиќ се појавила во друштво на возачот, облечена во кратки шорцеви и бела маичка, а носела и долг џемпер. Лицето го сокрила зад големи очила за сонце и капа.

На прашањето како е, Ана накратко рече:

– Супер сум! Добро сум, а тие што се грижеа за мене нека продолжат да се грижат – изјави пејачката.

Инаку, Ана неколку часа претходно седела во кафуле со својата пријателка, старлетата Маца Дискреција.