Жељко Ражнатовиќ беше убиен на 15 јануари 2000 година, нешто по 17 часот, во белградскиот хотел „Интерконтинентал“. Сепак, Аркан требаше да биде убиен на спектакуларен начин, а „Интерконтинентал“ беше резервна опција, тврди Александар Мандиќ, син на најдобриот пријател на Аркан, Миленко Мандиќ Манда.
– Планирале да го убијат Аркан пред „Мадера“ со 100 килограми динамит во автомобилот. Така слушнав бидејќи Аркан постојано седеше таму, многу ја сакаше „Мадера“.
Размислувале и за сценарио во кое ќе пукаат во него пред куќата. На крајот сепак заклучиле дека тоа не може да се спроведе – наведува Мандиќ.
Заедно со Аркан, убиени се неговите пријатели кои биле со него, поранешни вработени во сојузниотото МВР, полковник Драган Гариќ и мајор Миленко Мандиќ, припадник на СДГ.
За тоа убиство тој беше осуден на 35 години во Србија, но беше уапсен дури во 2012 година во Јужноафриканската Република. Беа судени и соучесниците Милан Ѓуричиќ и Драган Николиќ кои добија по 30 години.