Аркан требало да биде убиен во друг хотел: Убијците планирале спектакуларна ликвидација, но морале да го спроведат резервниот план (фото)

Жељко Ражнатовиќ беше убиен на 15 јануари 2000 година, нешто по 17 часот, во белградскиот хотел „Интерконтинентал“. Сепак, Аркан требаше да биде убиен на спектакуларен начин, а „Интерконтинентал“ беше резервна опција, тврди Александар Мандиќ, син на најдобриот пријател на Аркан, Миленко Мандиќ Манда.

– Планирале да го убијат Аркан пред „Мадера“ со 100 килограми динамит во автомобилот. Така слушнав бидејќи Аркан постојано седеше таму, многу ја сакаше „Мадера“.

Истрага, По убиството, хотел Интерконтинентал, Жељко Ражнатовиќ Аркан

Размислувале и за сценарио во кое ќе пукаат во него пред куќата. На крајот сепак заклучиле дека тоа не може да се спроведе – наведува Мандиќ.

Заедно со Аркан, убиени се неговите пријатели кои биле со него, поранешни вработени во сојузниотото МВР, полковник Драган Гариќ и мајор Миленко Мандиќ, припадник на СДГ.

За тоа убиство тој беше осуден на 35 години во Србија, но беше уапсен дури во 2012 година во Јужноафриканската Република. Беа судени и соучесниците Милан Ѓуричиќ и Драган Николиќ кои добија по 30 години.