Врескање, викање, тепање: Го фатила сопругот како троши пари на својата љубовница и дошло до таква тепачка што цел трговски центар се тресел (видео)

Врескање, тепање, кубење, лелекање. Ова се зборовите со кои може да се опише она што се случи на 20 декември во мексиканскиот трговски центар Galerías Metepec, во еден од ходниците пред вчудоневидените граѓани.

Според тамошните медиуми, конфликтот меѓу двете жени бил предизвикан од прељуба, а на сведоците на инцидентот им биле потребни неколку минути да го запрат крвопролевањето.

Физичката пресметка ја започнала сопругата која го затекнала сопругот како го троши божиќниот бонус на љубовницата, што го потврдиле и сведоци кои изјавиле дека мажот неуспешно ја уверувал својата сакана дека таа целосно погрешно ја протолкувала ситуацијата.

„Тоа е мојата колешка од работа, само се договорив да и’ правам друштво додека ги посетува продавниците, мојот божиќен бонус сè уште ми е на сметката“, ја уверувал гневната госпоѓа, но сосема залудно бидејќи таа му рекла дека знаела веќе некое времe за неговото мамење.

,,Чекај, мислиш дека сум толку глупава? Добро, дај да видам. Каде ти се парите? Ајде, донеси ги”, извикала сопругата влечејќи ја противничката за коса. Несреќната жена толку многу плачела што обезбедувањето ја смирувало.

Дел од инцидентот граѓаните го снимиле со своите мобилни телефони, но засега се гледаат само фотографиите кои се појавија на социјалната мрежа Х.