Брутално убиената девојка Невена Петровиќ (16) денеска беше погребана во бел ковчег на локалните гробишта во Рипањ.
Невена до вечниот одмор беше придружувана од семејството, како и пријателите од основно и средно училиште, кои со бели рози во солзи и’ упатија последен поздрав.
– Што ни направи!? Зошто нè зави во црно, монструму – плачела прабабата на Невен над ковчегот.
Погребот го одржа свештеник на православната црква кој истакна дека општеството е првото што потфрлило во ова злосторство.
– Невена е жртва и се надеваме дека нејзината жртва ќе биде препознаена – рече тој.
Дедото на Невена, кој бил сведок на страшното злосторство, не можел да ги задржи солзите и го придружувал нејзиниот вујко.
Додека траел погребот, осомничениот Стојан бил на распит
Додека траел погребот на брутално убиената девојка на гробиштата Рипањ осомничениот за крвавиот чин и нејзиното свирепо убиство – Стојан Илиќ (38) бил на распит во Обвинителството.
Да потсетиме, Невена беше брутално убиена од сосед и пријател на семејството, Стојан Илиќ (38), кој по тоа злосторство упаднал во нејзината семејна куќа и ги избодел мајка и’, баба и’ и вујко и’.