Бел ковчег покриен со бели рози: Рипањ завиен во црно, неутешното семејство ја погребаа Невена (16) – „Што ни направи, монструму!?“

Брутално убиената девојка Невена Петровиќ (16) денеска беше погребана во бел ковчег на локалните гробишта во Рипањ.

Невена до вечниот одмор беше придружувана од семејството, како и пријателите од основно и средно училиште, кои со бели рози во солзи и’ упатија последен поздрав.

– Што ни направи!? Зошто нè зави во црно, монструму – плачела прабабата на Невен над ковчегот.

Погребот го одржа свештеник на православната црква кој истакна дека општеството е првото што потфрлило во ова злосторство.

Невена е жртва и се надеваме дека нејзината жртва ќе биде препознаена – рече тој.

Дедото на Невена, кој бил сведок на страшното злосторство, не можел да ги задржи солзите и го придружувал нејзиниот вујко.

Додека траел погребот, осомничениот Стојан бил на распит

Додека траел погребот на брутално убиената девојка на гробиштата Рипањ осомничениот за крвавиот чин и нејзиното свирепо убиство – Стојан Илиќ (38) бил на распит во Обвинителството.

Да потсетиме, Невена беше брутално убиена од сосед и пријател на семејството, Стојан Илиќ (38), кој по тоа злосторство упаднал во нејзината семејна куќа и ги избодел мајка и’, баба и’ и вујко и’.