Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен за поддршката на Израел бидејќи тој „се брани од терористички напад на Хамас“.
Си-Ен-Ен објави дека Блинкен му изразил сочувство на министерот за надворешни работи и ги потврдил напорите на САД да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држат милитантите на Хамас.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека меѓу затворениците има „веројатно“ американски државјани.
Блинкен разговараше и со француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона и ги поздрави француските и европските напори „кон заедничката цел да се стави крај на насилството на Хамас“.