БЛИНКЕН МУ ПОРАЧА НА ИЗРАЕЛ: Америка ја поддржува одбраната од терористичкиот напад на Хамас

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен за поддршката на Израел бидејќи тој „се брани од терористички напад на Хамас“.

Си-Ен-Ен објави дека Блинкен му изразил сочувство на министерот за надворешни работи и ги потврдил напорите на САД да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држат милитантите на Хамас.

Ентони Блинкен

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека меѓу затворениците има „веројатно“ американски државјани.

Блинкен разговараше и со француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона и ги поздрави француските и европските напори „кон заедничката цел да се стави крај на насилството на Хамас“.