Директорот на Царината, Стефан Богоев, даде детали за конфискацијата на обврзниците во вредност од 92 милиони долари од турскиот државјанин.
Богоев за ТВ21 изјави дека секоја меѓународна помош е добредојдена бидејќи сите обврзници се поврзани со странски банки.
„Има разлика помеѓу името и податоците на патникот и името на сопственикот на обврзницата, тие не биле на негово име и сите овие работи ни даваат дополнителна основа.
Инаку, да напоменам дека се е поврзано со странски банки, со странски држави, единствено е што тука се запленети и секоја меѓународна помош е добредојдена“, рече Богоев.